Бугарското ВМРО го спречи полагањето цвеќе на споменикот на Гоце Делчев

Не можеа да го спречат отворањето на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“, но го спречија положувањето цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Благоевград.
Првирзаниците на бугарското ВМРО се собраа околу споменикот на Гоце Делчев, предводени од европратеникот Ангел Џамбаски и направија сѐ гостите од Македонија да не положат цвеќе.
Полициските службеници од безбедносни причини ја откажаа таа церемонија. Приврзаниците на ВМРО-Бугарско национално движење извикуваа „предавници“.
На плоштадот се скандира „Бугарите и Македонците се еден народ“, а се извикуваат и имињата на Гоце Делчев, Тодор Александров, Даме Груев, Ванчо Михајлов.
„Хероите не умираат“, извикуваше групата, а на плоштадот е присутна и полицијата.