Бугарскиот министер за надворешни работи упати сочувство за трагедијата во Тетовo


Министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев изрази сочувство за синоќешната трагедија во модуларната болница во Тетово, јави дописникот на МИА од Софија.

– Тажен сум и скршен од трагедијата со пожарот во Ковид болницата во Тетово, која однесе човечки животи! Нашето најискрено и најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на загинатите. Бугарија е солидарна со Република Северна Македонија во ова тажно време, му напиша на Твитер шефот на бугарската дипломатија Светлан Стоев во пораката на Твитер до својот македонски колега Бујар Османи.