Бугарија се понуди да ги евакуира македонските дипломати од Украина
Го рестартиравме дијалогот со Северна Македонија и очекувам да има надградба на резултатите за политиките со амбициозните планови на целата Влада, вели бугарската министерка за надворешни работи, Теодора Генчовска за последната бугарско-македонска средба во Софија.За бугарските медиуми таа кажа и дека ѝ предложиле на македонската Влада да го евакуираат дипломатскиот тим од Украина ако има потреба. Истовремено, пак, го обновиле предлогот Бугарија да го штити македонскиот воздушен простор.
За дијалогот со Македонија, пак, Генчовска вели дека Бугарија очекува конкретни резултати.
„Со оглед на фактот дека министерствата за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија се координатори на целиот процес, покрај водењето дијалог за политички прашања, во разговорот со шефот на дипломатијата на Република Северна Македонија го проширивме опсегот на разговори“, рече Генчовска.