Бугарија разговара во ЕУ за „недозволиво однесување“ на македонското раководство


 

Бугарија презеде итни мерки за информирање на земјите-членки на ЕУ за „недозволивото однесување“ на водечките политички фигури и обидите за редефинирање и преговарање за постигнатиот консензус за преговарачката рамка и вклучување на Бугарите во Уставот.

Ова го рече вршителот на должноста премиер и министер за надворешни работи Димитар Главчев на сослушувањето во бугарското собраниеза Северна Македонија.

„Мислам дека претерано остар тон не би бил корисен. Не треба да дозволиме под никакви околности да бидат засегнати интересите на Бугарите во (Северна) Македонија“, но секоја поостра промена може да ги попречи напорите за нормализација. Сепак, потребни се две страни за нормализација и нема желба од другата страна, рече тој. Според него, Министерството за надворешни работи развива механизам за правно застапување на Бугарите во Северна Македонија.