Будимир Лончар, последниот шеф на југословенската дипломатија, почина на 101 година


 

Во малото место Преко на островот Угљан во Хрватска денеска почина еден од најголемите дипломати на СФРЈ и последен шеф на југословенската дипломатија, Будимир Лончар. Имаше 101 година. Неговото мртво тело било пронајдено во морето.

Веста за неговата смрт ја објави неговиот пријател, историчарот, Твртко Јаковина.

„Денеска во Преко, местото каде што е роден на 1 април 1924 година, почина Будимир Лончар, дипломат, партизан, светски државник, мој пријател“, објави Твртко Јаковина, кој е автор на биографијата на Лончар, „Будимир Лончар: од Преко до врвот на светот“.

Беше министер за надворешни работи на СФРЈ во владата на Анте Марковиќ во турбулентните години пред распѓањето на федерација и во првиот период на воените дејства. Лончар беше специјален пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за Движењето на неврзаните и советник на двајца хрватски претседатели.

Како што дознава Антена Задар од жители на Преко, Лончар бил пронајден мртов во морето, по што очевидците веднаш повикале брза помош и полиција. Тие наведуваат дека ги истражуваат околностите на настанот што ги запрепасти мештаните, бидејќи дипломатот бил исклучително витален и на 101-годишна возраст.

Будимир Лончар стана врсник на целиот век. Тој живееше во време на возбудливи и интригантни настани од 20 век и мрачните почетоци на 21 век, во ера што го промени светот, неговиот облик и дух.