Бруно Фернандеш останува во Манчестер јунајтед
Фудбалерот за врска Бруно Фернандеш се согласи да ја посвети својата иднина на Манчестер јунајтед, објавија британски медиуми.
Според „Express“, 31-годишен играч до крајот на овој месец ќе ја потврди својата одлука да остане на „Олд Трафорд“.
Фернандеш моментално е на летен одмор по учеството на Светското првенство во 2026 година. Се очекува капитенот на Јунајтед да се врати на претсезонските подготовки следната недела. Преговорите меѓу неговите застапници и раководството на Јунајтед во врска со нов, подобрен договор се во тек.
Фернандеш е во Манчестер јунајтед од јануари 2020 година, а неговиот договор важи до 30 јуни 2027 година.
Во сезоната 2025/26, играчот од средниот ред постигна девет гола и имаше 22 асистенции во 37 натпревари.