Бројот новозаразени со Австрија конечно падна под 10.000

Втор ден од заклучувањето на Австрија бројот на новозаразени падна под 10.000.
истовремено поранса бројот починати, па така денеска се регистрирани 72 жртви.
Во последните 24 часа во Австрија регистрирани 9.513 новозаразени од корона вирус.
По подолго време, повеќе од дев недели, дневниот број новозаразени по прв пат паѓа на четирицифрен број. Вчера пак беа објавени рекордни бројки, од близу 14.000 заразени.
Во Австрија, заклучувањето што вчера стапи на сила, треба да трае две недели, но прашање е што понатаму.
Експертите велат дека неопходно е бројот на дневно заразени да падне под 2.000 за да дојде до укинување на локдаунот.
Научникот Петер Климек, пресмета дека неопходно е намалување на контактите за најмалку 30 отсто, и дека ако се намали на 50 отсто за седум дена може да дојде до драстично намалување на ширењето на заразата.
Градоначалникот на Виена, Михаел Лудвиг напомена дека „во пандемија никогап ништо не може да се гарантира. Дали локдаунот за вакцинирани по три недели ќе биде завршен зависи од тоа дали ќе ни успее да ги вакцинираме граѓаните и да ги намалиме социјалните контакти“.