Бројот на вакцинирани против Ковид-19 во светот го надмина бројот на заразени


Наместо препорачаните пет дози медицинската сестра Сари Рос искористила седум, користејќи шприцеви со низок мртов волумен

Бројот на луѓе кои се вакцинирале против Ковид-19 на глобално ниво го надмина вкупниот број на заразени случаи во светот, објави ТАСС.

Врз основа на анализа на официјалните податоци и медиумските извештаи, руската агенција наведува дека во светот се вакцинирани најмалку 105,1 милион лица, додека вкупно заразени од коронавирус се околу 103,9 милиони луѓе.

Најголем број вакцинирани се во САД (33,7 милиони), потоа следуваат Велика Британија (10,2 милиона) и Израел (5,05 милиони).

Во Израел вакцинирани се 56,86 отсто од вкупното население, во Обединетите Арапски Емирати 38,83 проценти, а на Сејшелските Острови 36,25 отсто.