Британскиот министер за економија понуди оставка за да се подготви за самитот за климатски промени

Британскиот министер за економија, Алок Шарма, понуди оставка за да може целосно да се посвети на подготовките за самитот на ОН за климатските промени, што годинава ќе се одржи во Велика Британија.
Шарма го извести на британскиот премиер Борис Џонсон дека ќе се повлече од функцијата министер, бидејќи сака да се посвети на задачите околу самитот за климатските промени, јавија британски медиуми.