Британскиот архитект Дејвид Чиперфилд е годинешен лауреат на Прицкеровата награда


Славниот британски архитект, Сер Дејвид Чиперфилд (1953),  е годинешниот лауреат на  Прицкеровата награда. 

Во образложението на наградата, која се смета за најзначајна во областа на архитектурата на меѓународно ниво, се вели дека жирито, меѓу другото, му доделило и затоа што ја препознало исклучителноста на неговото општествено присуство, покрај фактот дека тој „се држеше настрана од трендовите“ и дека неговиот трансформативен пристап во архитектурата опфаќа четири децении професионален ангажман.

Тој е најпознат по зградите на Музејот на уметност во Сент Луис, Мисури (2013), Музејот Хумекс во Мексико Сити (2013) и Галеријата Џејмс Симон во Берлин (2018 година).