Британија: Поради сè потешките автомобили, постои опасност од уривање на катните гаражи


 

Здружението на британската паркинг асоцијација предупреди на опасност од рушење, посебно на старите повеќекатни паркинзи во таа земја.

Поради електричните автомобили, но и SUV возилата опремени со бензински и дизел мотори, или хибридни системи, денешните автомобили имаат во просек поголема маса од поранешните.

Во Велика Британија во моментот постојат околу 6.000 повеќеспратни паркинзи. Повеќето се направени според насоки засновани на просечна тежина на патничките автомобили од 1970-тите.

Најпопуларниот модел на автомобил во Британија во тоа време бил „форд кортина Mk3“ кој има маса од 960 килограми. Денес, на пример, „тесла модел 3“ (1.819 кг) тежи двојно повеќе.

Новиот „волксваген голф“ со SUS мотор може да тежи и до 1.400 кг, пишува Ревијахак.

Освен тоа, сè повеќе луѓе се одлучуваат за големи, тешки SUV модели. Значи, здружението не е загрижено само заради експанзијата на електричните автомобили.

Градежниот инженер Крис Ванлес од здружението се пражува колку долго ваквата состојба ќе биде одржлива.

„Кога ја знаете просечната тежина на електричните автомобили, почнувате да се прашувате дали постоечките стандарди се доволни. Уште не сме имале инцидент, но претпоставувам дека тоа само е прашање на време“.