Британија го замрзна имотот на Роман Абрамович и на уште шест други олигарси
Велика Британија го замрзна имотот на седум руски бизнисмени, меѓу кои Роман Абрамович, Игор Сечин, Олег Дерипаска и Дмитри Лебедев, откако тие беа додадени на листата на санкции на земјата, пренесува Ројтерс.
Абрамович е сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, Дерипаска има удел во Групацијата Ен+, Сечин е извршен директор на „Роснефт“, а Лебедев е претседател на одборот на директори на Банката Росија.
Сепак, Обединетото Кралство соопшти дека објави лиценца која дозволува голем број активности поврзани со фудбалот да продолжат во Челзи.
„Не може да има безбедни засолништа за оние кои го поддржаа злобниот напад на Путин врз Украина“, рече британскиот премиер Борис Џонсон.
Портпаролот на Абрамович изјави за Ројтерс дека не можат веднаш да коментираат за најавата за санкции на Британија.