Британци палеле столбови, спречувале ширење на корона вирусот преку 5Г мрежата
Во неколку градови во Велика Британија се запалени повеќе столбови за мобилна телефонија, а нападнати се и инженери поради непотврдени теории за поврзаноста на коронавирусот и 5Г мрежата, соопштија британските оператори за мобилна телефонија.
Откако на социјалните мрежи беа објавени фотографии од столбовите во пламен, операторите истакнаа дека ширењето на такви гласини е загрижувачко.Запалени се столбови во Спракхил, Бирмингем и Мелинг.
Секретаријатот за дигитална технологија, култура, медиуми и спорт соопшти дека се информирани за тоа дека на интернет се шират неточни информации за 5Г технологијата.
Фејсбук ја отстрани страницата на која беа прикажани фотографиите од запалените столбови и ги поттикна и другите социјални мрежи да го направат тоа.
Од Компанијата Мобајл УК истакнаа дека уште позагрижувачки е тоа што одредени луѓе ги злоупотребуваат работниците и се закануваат дека ќе ја уништат инфраструктурата поради тврдењата за 5Г технологијата.