Братот на ,,Ел Чека“ не е приведен, бил во полиција само да го пријави новиот протест за в недела
Братот на ,,Ел Чека“, Блерим Ахмеди не е приведен, тој само бил во полиција за да го пријави протестот што ќе се одржи в недела, велат од МВР, демантирајќи пишувањата во медиумите дека тој денеска бил приведен за неколку кривични дела.
Ахмеди во неговиот профил на ,,Фејсбук” , напишал дека ова е метод на ДУИ да ги уплаши граѓаните да не излегуваат на протест. Тој ги повикува сите в недела во 16 часот да протестираат.
Ахмеди беше организатор на протестите што се случија пред неколку дена во Тетово.
Блерим Ахмети е осомничен за три кривични дела. Дваесет и деветгодишниот Ахмети се обвинуваа за напад врз службено лице на полицијата во 2001 година, за физички насилство во 2009 година и за едно друго кривишно дело од 2008 година.