Божикната елка стигна во Њујорк-ќе светне на 1 декември

САД- Божиќната елка од Центарот Рокфелер за 2021 година пристигна викендов во Њујорк, откако 79-метарската норвешка смрека беше избрана од Елктон, Мериленд, претходно оваа недела.
Обележувајќи го првиот пат кога дрвото беше избрано во Мериленд во речиси 90-годишната историја на традицијата, тоа беше донирана од дворот на семејството Прајс, кое беше присутно во Њујорк за пристигнувањето на 80-годишното дрво.
„Никогаш не мислевме дека дрвото на нашиот имот ќе биде избрано за Центарот Рокфелер. Не, не за милион години“, рече Девон Прајс во емисијата Today.
Елката, беше придружувана од њујоршката полиција до нејзината крајна дестинација на Рокфелер Плаза, каде што беше крената на своето место со кран.
Годинава, елката ќе биде украсена со 50.000 разнобојни LED светилки и на врвот ќе биде украсена со Сваровски ѕвезда. Тридимензионалната ѕвезда е дизајнирана од архитектот Даниел Либескинд во 2018 година, и е украсена со 3 милиони кристали.
Годишната церемонија на палење на новогодишната елка во Центарот Рокфелер ќе се одржи на 1 декември и ќе се емитува на NBC. (Пипл)