Ботовите и политичарите долеваат оган на Универзална сала


 

Како што се очекуваше, пожарот во Универзалната сала стана тема на предизборната кампања, а ботовите на ВМРО-ДПМНЕ веќе почнаа да спинуваат дека тој е резултат на неспособноста на досегашната влада.

Од другата страна пак се потсетува дека пожарот се случи токму во време кога се вртеше видеото на новинарот Фуркан Салиу на кое се гледа бруталноста на полицијата предводена од Панче Тошковски, со заклучок дека Универзална гори за да се сокрие овој скандал кој потсети на најмрачните времиња на ВМРО-ДПМНЕ. Свој придонес во реакциите даде и бугарскиот провокатор Виктор Стојанов од фондацијата „Македонија“, кој напиша на социјалните мрежи дека „Скопје конечно  заврши со Универзална сала, изградена и донирана од Бугарија. Едноставно ја запалија“.

Еве некои од реакциите, повеќето сентиментални и  носталгични на оние кои израснале со настаните во овој културен објект – обележје на Скопје, кое сѐ помалку го има. Некои гледаат уште едно место за зграда, т.е. бизнис интерес. 

  •  

„Градот убав пак ќе никне…“ 😭

„Отидоа спомените за Златно славејче, Џез фестивалот, Скопскиот фестивал, оперите, приредбите, родителите, другарките… пивото на пауза… Реј Чарлс, Тито Пуенте и Јоланда кога ѝ се скинаа хеланките, Сезарија Евора – кога ѝ беше жешко, Балашевиќ кога го оговараше Милошевиќ, Бајага, Дарио, сите, сите…и ние таму!“

„Неспособност и немање чувство за традиција“ 😡

„Се чувствувам како мојот град да изгоре, заедно со моето детство и сите Златни славејчиња на кои ме носеше дедо ми. Психолошкиот ефект на глетката, заедно со психолошкиот ефект од државата се класична депресија“.

„Изгоре детството, младоста на многумина скопјани. Унизерзалната сала симбол на фестивали„Скопски фестифал“„Златно славејче“ Џез фестивалот, Офф фест, Глумците пеат, преставата „Окси морон“, со еден збор сѐ што беше прогресивно“.

„Еден од симболите на Скопје повеќе не постои. Остана само железнава купола. Остатокот се сруши. Куќичките на плоштад од Нова Година важно уште стојат. Силувањето почна со „Лумикс“, еволуираше па ескалираше со СК2014 и секако со градоначалниците шерифи“.

„Ова е ПРОИЗВОД и ПОСЛЕДИЦА на негативната селекција во политичките партии од 1991 година, па навака“.

„Македонските нормални граѓани всушност заслужуваат од оваа мафија што со своите испостави низ партиите решила да глуми демократија и избори – субвенциониран одмор од два-три месеци додека им траат сите таканаречени кампањи. И онака ниту некој на граѓаните им се обраќа, ниту нивниот интерес е во фокус. Тие нека собираат потписи, нека митингуваат, нека се навредуваат, нека впрегнат ботови, нека ограбуваат, нека притискаат администрација, вработуваат, нека палат, нека се поколат и потепаат. Да не се знаело ни да се падне, ни да се дојде на власт како што го личи“.

„Ја игубивме ли и Универзална како што ги изгубивме Поштата, Музејот на градот што пропадна во шопинг мол, цела фабрика „Треска“ и сето зеленило таму, отворениот простор на паркингот на Холидеј Ин, старите јадра како Маџир Маало, отиде Саемот, отиде Водно… Аман веќе со алчноста. Нешто друго има ли вредност освен парите за сите вас кои носите вакви поразителни одлуки и го дозволувате ова пропаѓање на градот?“

„Универзална… Доказ дека во оваа држава постои само бескрупулозен политичко-економски интерес. И ништо друго! “

„Мака ми е, тажен сум, немоќен пред злото што мисли дека гордоста се враќа со палежи, апсења, блокади, кретенство од највисок ранг.  Универзална гори, како да ми ја запалиле куќата, и преку тоа, со уништување на сѐ, без пардон, бидејки отпор нема, ниту институционален, ниту индивидуален, ниту национален, сите ќе изгорите, тоа нека ви биде јасно, ако не се рзбудите, ќе ве умрат на спиење, што сакате дури и власт да им дадете. Можеби идејата била идиотлукот со Фуркан да се покрие со спектакуларен палеж за кој со денови ќе се расправа, демек, кој е виновен, блаблабла, а потоа ќе го запалат Соборниот храм, Владата или Собранието или МАНУ или Универзитетот или Библиотеката… Има Македонија објекти за палење колку сакаш. Најзгодна за палење е Македонија. Да не се ситни енергијата и да не се арчи времето“.

„Топ локација за зграда. Што ќе ни универзална, да требаше Шилегов пет ќе направеше“.

„Куполата и целосна симболика на Универзална не може тукутака да замине, ама шокот дека ја губиме контролата кон сè што значи белег и вредност на градот, е пораз и пепел“.

„Се’ што допреа – пеплосаа! “ (Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ)

„Неспособноста на дело, се запали стариот дел на Универзална сала“.

„Го избраа папата во универзална…“

„Намерно е. Сакаат да ја урнисаат пред избори. Дали има овој Тошко ташаци барем еден случај да расчисти“. 

„Катастрофа сте значи!!!! Катастрофа и Град Скопје и Министерство за култура!!! Но-се-те СЕ!!! (Оливер Шамбовски)

„Со пожарот во Универзална сала гореше симболот на Скопје, на меѓународната солидарност и емоциите на генерации скопјани. Надлежните институции да спроведат брза и темелна истрага за причините за пожарот и за тоа да ја информираат јавноста. И, да, градењето на Универзална сала ќе продолжи и таа повторно ќе биде светлиот симбол на Скопје!“ (Маја Морачанин)

„Една сала имавме во Скопје. И тоа други ни ја направија пред 60 год, како донација после земјотресот. И таа ја упропастивме! Као што своевремено рече еден другар Хрват што живее тука: Аматери су вам сјебали државу!“ (Влатко Огњановски)