Боки 13 поднел кривични пријави против 30 лица
Бојан Јовановски денеска понесе кривични пријави против најмалку 30 лица. Нивните имиња, ниту профили не ги открива неговиот адвокат Сашко Дукоски. Неофицијално станува збор за актуелни и поранешни функционери, но и бизнисмени.
Тој пред обвинител денеска ги објасни дејствијата на лицата во околу десетте кривични пријави. Против нив тврди дека има докази, а ако обвинителството отвори постапки, Боки 13 ќе сведочи.
„Се работи за кривични пријави коишто се поднесуваат и се исклучиво поврзани со предметот „Рекет“ и со предметот Меѓународен сојуз“, рече Сашко Дуковски, адвокат.
Пријавите се за кривичните дела измама, изнуда, злоупотреба на службена положба, давање на лажен исказ, противзаконито влијание, но и за несовесно лекување. Боки 13 од обвинителството бара за овие случаи да се вклучат најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права и странски амбасади.
Тој во „Рекет“ доби казна од 9 години затвор, но против него во тек е уште едно судење за случајот Меѓународен сојуз, каде е обвинет за перење пари и измама.