Бојан Јовановски бара изземање на судијката бидејќи политички го цензурирала

Обвинетиот Бојан Јовановски побара изземање на судијката Софче Гаврилова која го води предметот “Рекет 2”. Според негова оценка, оваа судика не може да биде непристрасна при носење на пресудата.
– Вие почитувана судијо носите одговорност за мојата состојба. Фалеа само 30 минути за да фатално заврши мојата состојба – рече Боки 13 во судница.
Нагласи дека судијката Софче Гаврилова имала дискриминаторски говор на минатото рочиште и го етикетирала.
– Штом се спомене дека ова е политички предмет, вие сте политички инстринуирани да ме прекинувате – рече Јовановски, по што од страна на судијката му беше одземен зборот.
Судијката нагласи дека барањето на Јовановски ќе биде доставено до пертседателот на судот и го опомена да се однесува коректно во судница.
Во случајот “Рекет 2” Бојан Јовановски се товари за перење пари и за измама.