Бочварски ја повика Арсовска да ја преиспита одлуката за БРТ


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Аросвска, да ја приспита најавата за одложување на проектот за брз автобуски превоз. Пари за овој проект во буџетот се веќе обезбедени, од земениот кредит преку Европската банка за обнова и развој, вели министерот за транспорт Благој Бочварски. Според него БРТ како проект поминал низ сите фази и добил зелено светло за реализација како идеално решение за собраќајниот метеж во Градот Скопје.

„Како проект е добро и одлично оценет од страна на меѓународните екперти дека со ова се решава едно големо прашање и еден голем проблем на Градот Скопје. Поминати се многу чекори и многу фази затоа апелирам дека е добро да не се брза со таквите одлуки во Градот Скопје. Сметам дека носи многу бенефитити, но секако и од другата страна не видовме арументи зошто би се запрел ваков проект. Доколку се донесе таква одлука таа требало да е поткрепена на студии, анализи, експертски мислење“, рече Бочварски.

По стапувањето на функцијата, градоначалничката Арсовска, остана на ставот дека проектот БРТ нема да биде реализиран, бидејќи граѓаните со нејнзиот избор, според Арсовска гласале и за нејзиниот проект за набавка на 250 нови еколошки автобуси и бесплатен јавен превоз. За проектот брз автобуски транспорт, ЕБОР додели 70 милиони евра, од кои 4 милиони евра се веќе распределени во буџетот за следната година.