Бизарен Холивуд- оскаровци во необична фотосесија за „Ванити Фаир“


САД–  Бизарен Холивуд- пет номинирани за Оскар или актери кои веќе освоиле Оскар се дел од традиционалното  холивудско издание на Vanity Fair  во периодот пред гала-доделувањето на најголемата филмска награда во светот. Фотосесијата знае да биде бизарна или контраверзна и веќе крена прашина со изборот на стајлингот и амбиентот во кој се фотографирани Никол Кидман, Пенелопе Круз, Кристен Стјуарт, Бенедикт Камбербач, Идрис Елба и Ендру Гарфилд.

Холивудското издание, годинава, за прв пат досега, излезе со осум самостојни насловници, наместо вообичаените четири.

Престижниот магазин, пред пандемијата, беше препознатлив и по пост-оскаровската забава со најголемите холивудски ѕвезди.