Битка со соопштенија околу наводната дестабилизација
Соопштение на сооопштение – така неколку дена се претвора политичката битка помеѓу двете најголеми партии, а поврзано со објавите на владејачките структури дека ДУИ, наводно, имала план за дестабилизација на државата.
Од ВМРО-ДПМНЕ утринава побараа „СДС и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што е целта?“ Од партијата прашуваат дали ДУИ и СДСМ заедно подготвувале план за дестабилизација.
„И СДС и ДУИ треба да знаат дека насилство и безредие нема да им помогне, напротив и за тоа ќе треба да одговараат и да се соочат со последиците на сопствените дејствија“.
Од СДСМ, пак, прашуваат зошто Христијан Мицкоски ако имал информации за дестабилизација не отиде во обвинителството и да ги презентира на тие што се надлежни.
„Мицкоски од вчера молчи на повициите на СДСМ и претседателот Филипче да ги објави наводните информации за дестабилизација на државата од страна на политичка партија.
Доколку Мицкоски вистински поседува информации тој е должен итно да ги информира институциите, зошто тоа не го прави?
Премиер кој кажува дека има информации за нарушување на безбедносната состојба и мирот во земјата, а ништо не презема околу тоа е директен соучесник на евентуално сценарио.
Доколку тоа го прави само а да ги заплаши граѓаните и да манипулира со нивните чуства обидувајќи се да ја смени темата од скандалите кои ја пратат неговата влада, тогаш станува збор за човек кој му мисли лошо на својот народ.
Секоја најава за дестабилзиација значи грч за граѓаните, грч за економијата, страв и тензија во општеството. Доколку тоа Мицкоски го прави без основа и без да преземе конкретни чекори, Мицкоски е тој што дестабилизира.
Бараме итно да се произнесе прецизно по ова тврдење, бараме Силјановска Давкова да го свика Советот за безбедност ако е воопшто конституиран. Бараме обивнителството да покрене истрага и да го викен Мицкоски на сослушување“, велат од СДСМ.