Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ да престане со игранките, државата е заедничка
Владата на СДСМ уште еднаш покажа како одговорно, државнички и демократски се води државата напиша вицепремиерот Фатмир Битиќи по изборот на техничката влада.
-За жал ВМРО ДПМНЕ уште еднаш на дадена шанса го покажаа спротивното. Не ги гласаа ниту своите министри во техничката влада и докажаа дека развојот и европскиот пат за нив никогаш не бил и нема да е опција.
Честитки и успешен мандат на новиот прв вицепремиер Бојан Маричиќ, новиот министер за внатрешни Панче Тошковски, новиот министер за труд Ѓоко Велковски, како и новиот претседател на Владата, Талат Џафери. Ги повикувам министрите на ВМРО ДПМНЕ да ја остават партиската игранка која ја сведочевме денеска. Оваа држава ни е заедничка и за неа така треба да работиме и да се грижиме. Нека ни е честита новата Влада да служиме чесно, достоинствено и одговорно!-напиша Битиќи.
Наспроти тоа од ВМРО-ДПМНЕ возвратија со навредлив вокабулар.
–Зборот на СДС е дувни ветре развигорче и нема никаква вредност. Со денови се силеа, меѓу кои и Ковачевски дека нема да гласаат за техничка влада која нема да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ, а денес се „нацртаа“ да гласаат за Талат Џафери за премиер, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.