Битиќи ја договорил инвестицијата на Мицкоски


Фото: Б. Грданоски

 

„Некој се ‘кити со туѓи перја’ и ја објавува инвестицијата на EPSOTECH како своја (и тоа пред да се финализирани сите процедури), а некој чека(л) додека се изјаснат сите релевантни институции за да се потврди договорот за соработка. Благодарност до ВМРО-ДПМНЕ што ги потврдуваат и продолжуваат планираните инвестиции кои мојот (сега веќе поранешен) кабинет професионално и прецизно ги сработил во изминатиот период. Работа, а не PR е потребна за нашата татковина да го доживее прогресот што го заслужува.

Заедно со EPSOTECH има уште 6 други инвестиции за кои се изработени договори за поддршка и го чекаат последниот филтер во Комисијата за заштита на конкурентноста“, напиша поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи како реакција на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски кој преку „Фејсбук“ најави германско-белгиска инвестиција.

Според Мицкоски станува збор за германската компанија „ЕПСОТЕХ“ која во партнерство со белгиската АИМ ќе инвестира во изградба на нов производствен погон во земјава, за што ќе бидат вложени 20 милиони евра.