Битиќи: Да ја покажеме љубовта за државата на дело


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, во која повика да ја покажеме љубовта за државата на дело.

-Баш на овој ден мојата агенда ме носи на пат низ земјава, одличен момент за ретрофлексија на тоа што јас правам за државата. Правата и слободите ни се гарантирани со закон, но што правиме со нив е наша одговорност. За 29-тиот роденден на државата посакувам на нејзиниот јубилеен 30ти, следната година, да ја имаме надминато кризата предизвикана од КОВИД – 19, економијата да биде стабилна и предвидлива што ќе донесе зголемување на инвестициите на странските но и на домашните компании, одржлив раст и развој кој ќе носи зголемување на животниот стандард преку зголемување на минималната и просечната плата, напиша Битиќи.

Тој повика да продолжиме да ја развиваме соработката со сите чинители на општеството, за да ја зајакнеме меѓусебната доверба и да креираме решенија и политики кои се за доброто на сите нас.

-Ова се моите и заложбите на оваа Влада. Да работиме и да сработиме. Отчетно, посветено, одговорно и заедно, само така ќе одиме сите напред. Да ја покажеме љубовта #за државата на дело. Нека е честит и вековит 8ми септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, напиша на ФБ, вцепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.