Бил Гејтс го прослави 66 роденден со Џеф Безос во Фетие- се славело со морски плодови и шампањско


Турција– Бил Гејтс, порано најбогатиот човек на светот, го покани колегата супербогатиот милијардер – Џеф Безос – на приватна роденденска забава во турскиот залив во близина на Бодрум, јавуваат локалните медиуми.

Основачот на Мајкрософт, кој има проценета нето вредност од 136 милијарди долари, го прославил својот 66-ти роденден со Безос и уште 50 гости на плажата Sea Me во Фетие, покрај Медитеранот, објави турскиот весник Дејли Сабах.

Гостите биле пренесени со хеликоптер од мегајахтата на Бил Гејтс, Лана, до затскриениот и живописен залив. Тој во моментов ја изнајмува јахтата за 1,8 милиони евра неделно, според извештаите.

Јахтата има теретана, џакузи, клуб на плажа и базен, објави турскиот весник Јени Шафак.

Според извештаите, Гејтс летувал долж турскиот брег и ја посетил популарната туристичка дестинација Бодрум минатата недела.

Прославата на роденденот на Гејтс траела околу четири часа, пишува Дејли Сабах. Локалните морски плодови, суши и пица биле на менито, со многу шампањ во понудата, објави медиумот.

На оние кои работат на местото не им беше дозволено да ги користат своите телефони за да ја заштитат приватноста на присутните, додава Дејли Сабах.

Безос, наводно, се вратил на сопствената јахта, закотвена во Ѓокова, со приватен хеликоптер. „Летечката лисица“, за која се верува дека ја поседува поранешниот извршен директор на Амазон, претходно беше забележана во Турција во 2019 година, објави Инсајдер.