Би Би Си ги мобилизира меѓународните медиуми во борба против дезинформациите


Франција – Десетина големи меѓународни медиуми, како и неколку дигитални гиганти се приклучија на иницијативата на БИ Би Си за борба против дезинформациите.

На иницијативата се приклучија АФП, агенцијата Ројтерс и Институтот Ројтерс, Европската унија на емитери (ЕБУ), весникот „Фајненшл тајмс“, медиунската мрежа „Фрст драфт“, весниците Хинду“ и „Волстрит џурнал“, ЦБЦ/Радио Канада, како и Фејсбук, Гугл и Мајкрософт.

Проектот, меѓу другото вклучува и создавање систем за предупредување на партнерските организации на најопасните лажни информации кои го загрозуваат животот на граѓаните или демократските процеси за време на изборниот период.

Иницијативата на Би Би Си опфаќа и заедничка кампања за медиумска едукација и размена на искуства, посебно во врска со важните избори. Исто така, се работи на олеснување на пристапот до јавни информации за време на изборите.