БГНЕС: Вулгарни антибугарски транспаренти на натпревар во Битола
Бугарски БГНЕС пишува дека за време на ракометниот натпревар помеѓу екипите на Пелистер и Вардар на трибините во салата имало огромни транспаренти со цинични и вулгарни пораки против Бугарите.
„И покрај сериозното полициско присуство, ниту еден службеник за спроведување на законот не се обиде да ги отстрани или побара симнување на транспарентите. Досега ниту спортската федерација ниту Министерството за спорт не го осудиле чинот. Немаше реакција од политичките партии, како и од МНР на Бујар Османи“, пиува БГНЕС.
Цитирајки го транспарентот од фотографијата БГНЕС споменува дека Радко е првото бугарско здружение во РСМ според еден од псевдонимите на Иван Михаилов.
Начинот и стилот на пишување на транспарентите, според медиумот, потсетуваат на оние со кои биле направени антибугарските транспаренти при посетата на бугарската делегација на Битола на отворањето на Центарот за култура „Иван Михаилов“ пред две недели.