БГНЕС: Комичниот Мицкоски во балетска поза „трепни да те лажам“
Македонската опера и балет на 13 септември со „Набуко“ ја крена на нозе бугарската публика во Софија. Овде големиот композитор Верди ја раскажува судбината на Евреите заробени и протерани од вавилонскиот крал Навуходоносор II. Денеска сме сведоци на уште една библиска епопеја, вистинска трагедија со македонски протагонисти.
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, професорката-претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која беше лансирана од него, како и штитеникот-министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, одиграа одличен настап во бугарската престолнина.
Две бугарски знамиња и отсуството на македонското знаме, на фотографија од неофицијална средба, го разбудиле непослушниот дух на политичарите кај нашиот сосед. Па, само овој дух да беше македонски. За жал, туѓ е… Мора да ја кажеме вистината.
Госпоѓо Силјановска, зошто ве навредува сфаќањето дека Македонците и Бугарите се крвни браќа. Дали ти беше полесно да му го кажеш на Вучиќ дека од двете страни на српско-македонската граница живеат Срби?
Господине Муцунски, која беше причината за вашата нервозна насмевка додека Силјановска одговараше на прашања на бугарските новинари? Не беше „културно“ да се влече и турка постара жена, сепак зборуваме за „дипломатија“.
Времето во Софија веќе се залади, но потта на челото ви тече на прашањето за Коридорот 8. Дали се плашите дека НАТО и ЕУ нема да ви дозволат да го укинете овој стратешки правец за да и се поклоните на Србија?
Да продолжиме со столбот на македонското општество, свиоците и црвените линии – терминологијата на Христијан Мицкоски во неговата драматична сапуница. Политиката на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ се развива во четири дејствија, смета Џузепе Верди. Опозицијата во Северна Македонија не е задоволна. Не и е доста од омразата кон Бугарија.
Прв чин
Со фалсификат на Мицкоски наречен „бугарски диктат“, европскиот сон на македонските граѓани добива на брзина на пистата на скопскиот аеродром. Се подготвува да лета во правец Белград-Москва – омилена рута на српскиот вицепремиер во кабинетот на Мицкоски – Иван Стоилковиќ. Тој вети дека ќе ја напушти Северна Македонија доколку Бугарите бидат вклучени во Уставот, но денес е одговорен за одделот за „односи меѓу заедниците“.
Втор чин
Авионот може да заврши во Пекинг, од таму во Будимпешта на Орбан и назад во Скопје. Токму по оваа „црвена линија“ помина и погребниот заем земен од македонската влада. 500 милиони евра! Унгарски со зборови и кинески во документи.
Се крши ‘рбетот на Северна Македонија. Секоја година Белград објавува илјадници книги во кои Македонија е еднаква на ардарска Бановина или Јужна Србија, а Македонците се јужни Срби. Булеварот „Гоце Делчев“ во Белград со години е преименуван, бидејќи лидерот на ВМРО се дефинирал како Бугарин. Миткоски молчи, зафатен е со невнесѕвање „сто Бугари“ во устав, доволни му се Египќаните.
Трет чин
Вицепремиерот Александар Николоски подготвува заеднички средби на македонската и српската влада. Рамката за преговори, одобрена од сите земји од ЕУ, се фрла во ѓубре. Бугарија е виновна секако. За што служи европското семејство кога имате „Српски свет“ и „Отворен Балкан“ или мини Југославија?
Четврти чин
„Губењето на националниот идентитет е најголемиот пораз што еден народ може да го претрпи и е неизбежен под условите на современиот облик на колонизација. Земјите кои се под странска команда брзо ја забораваат својата историја, своето минато, своите традиции, нивните национални симболи, нивните начин на живот, често и свој литературен јазик“ – говор на (претпоследниот) југословенски/српски диктатор Слободан Милошевиќ (02.10.2000 г.)
Ја нема Југославија. Сè додека не бидат целосно згаснати, неговите остатоци ќе продолжат да ја блокираат иднината на македонските граѓани. А сепак, со или без „културната дипломатија“ на Македонката Камала Харис, зближувањето меѓу Бугарија и Северна Македонија е осудено на успех. | БГНЕС