Безживотно тело на Македонец најдено во изнајмен стан во Бујановац


Во Бујановац пронајден труп на Македонец во изнајмена зграда, безживотно тело на маж е пронајдено во зграда за издавање сместување, сопственост на лице од Бујановац, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Врање.

Утврдено е дека се работи за жител од Скопје, роден 1992 година.

Полицијата во Бујановац го известила дежурниот заменик на Вишото јавно обвинителство Врање дека во Бујановац е пронајдено телото на Н.Н. По увидна екипа на ПС Бујановац, во присуство на лекар судски вештак, било утврдено дека лицето е од Скопје, роден 1992 година.

Извршена е истрага и телото е прегледано од страна на судски вештак, при што е утврдено дека нема траги кои би упатувале дека смртта е предизвикана од насилство.