Безос, газдата на „Амазон“ се разведе: 36 милијарди долари за екссопругата


САД- Сопругата на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, Мекензи Безос, му ја препушти компанијата , а ги задржа половината од парите , односно 36 милијарди долари.

Мекензи на поранешниот сопруг ќе му преотстапи 75 проценти од нивниот заеднички удел во Амазон и сите гласачки права. Таа ќе се откаже и од своите интереси во весникот „Вашингтон Пост“ и ракетната комопанија Блу Ориџин, објави денеска доскорешната госпоѓа Безос на Твитер.

Џеф Безос на ваквата објава на поранешната сопруга реагираше со благодарност за нејзината поддршка и љубезноста.

Најбогатиот човек на светот, во јануари, по 25 години брак , ја напушти сопругата и ја објави врската со ТВ водителката Лорен Санчез.

Вкупниот удел од 143 милијарди оваа двојка ја направи најбогата на светот.