Безбеден шопинг во „Манго“ и во „Хуго Бос“ во Скопје
Од денес започнуваат со работа продавниците на „Манго“ (во ГТЦ) и на „Хуго Бос“ ( на ул.Македонија) со работно време од 10 до 17 часот.
„Фешн груп“ ветува безбеден шопинг, а купувачите треба да ги почитуваат препораките на Светската здраствена организација.

Физичкото растојание од два метра ќе биде под надзор на персоналот, а максималниот број на посетители ќе биде ограничен и регулиран според посетеноста.
Онлајн продажбата останува како опција кај сите брендови на групацијата.
-Сакаме да го вратиме чувството дека животот се враќа во нормала и шопингот да го направиме опиплив, но безбеден, велат од „Фешн груп“.