Без вода утре хотел „Александар Палас“, базенот и спортскиот центар „Борис Трајковски“


Поради дефект Ф-400мм на булевар „8ми-Септември“ во населба Карпош, утре од 09:00 часот без вода ќе останат корисниците од бул. „Илинден“ до кружниот тек – хотел Александар Палас, базенот и спортскиот центар „Борис Трајковски“, информира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.