Без вода неколку улици во Автокоманда


Поради уличен дефект на „16 Македонска бригада“ (парк шума Гази Баба), денеска, од 08:00 часот, без вода ќе бидат улиците: „16 Македонска бригада“, „Јани Лукровски“, „Ташко Караџа“ и „Трифун Хаџијанев“, во скопската населба Автокоманда.  

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот.