Без вода хотелот Континентал и трговскиот центар Ист Гејт


Фото: Б. Грданоски

Поради промена на затворач на бул. „Александар Македонски“ бб (кај Континентал), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и трговскиот центар Ист Гејт.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.