Без вода делови од Центар


Заради изведување водоводен приклучок од Ф-80 мм на ул. „Дебарца“ бр.63 во општина Центар со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. „Дебарца“, дел од ул. „Дане Крапчев“ и ул. „Славка Недиќ“.

Како што најавуваат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:00 часот до завршување со активностите за изведување водоводниот приклучок .