Без вода дел од ул. „Миле Попјорданов“ 2 и корисниците на дел од Љубанци
ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека денеска без вода ќе бидат дел од неколку улици во Општина Карпош и корисниците на дел од Љубанци.
Во Општина Карпош, поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-80 мм на ул. „Струшка“ 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на таа улица и дел од ул. „Јуриј Гагарин“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со работните активности.
Поради дефект на огрлица на ул. „Миле Попјорданов“ 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Како што соопштија од ЈП Водовод и канализација-Скопје поради реконструкција на водоводна мрежа ф-110 мм на ул. „7/бб“ во Љубанци, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Љубанци, односно ул. „1 “ и ул.„7“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со работните активности.