Без вода дел од Лисиче


Поради дефект на приклучна цевка, без вода од 09:00 часот се корисниците од улиците „Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“, „Благоја Мучето“, „Архитект Сотир Томовски“, „Димитар Благоев“ и дел од улиците „Митре Влаот“ и „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.