Без вода дел од корисниците на ул. „Максим Горки“


Фото Б. Грданоски

Без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улицата „Максим Горки“ во Центар.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улична цевка од ф 200мм на ул. „Максим Горки“ бр.13.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.