Без вода дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје
Дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје од 7.30 часот немаат вода поради уличен водоводен дефект на таа улица.
Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од бр. 4 до бр. 30 на ул. „Борис Трајковски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.