Без вода дел од Центар и висока зона Пржино


Фото: Б. Грданоски

Поради уличен дефект на ул.Ристо Шишков во Центар, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на потегот од Фонтана Парк до зградата на Владата и од булевар Илинден до Градски стадион, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Вода од 09:00 часот ќе немаат и корисниците на дел од ул.Славејко Арсов и висока зона Пржино.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.