Без кацига, пребучни, без возачка – за шест часа санкционирани 429 моторџии


МВР информира дека во текот на вчерашниот ден од 16.00 до 22.00 часот е спроведена акциска контрола на територијата на државата при што се санкционирани 429 возачи на мотоцикли. Од нив 267 не користеле заштитна кацига за време на возење, а 83 возеле без возачка дозвола. Одземени се и 12 мотоцикли поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава.

За време на контролата се санкционирани и 189 други видови сообраќајни прекршоци.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелира МВР.