Бесплатни WiFi-зони на плоштадот „Филип Втори“ и на скверот „Коцка“ во Автокоманда


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски синоќа во објава на Фејсбук сподели дека на плоштадот „Филип Втори“ и на скверот „Коцка“ во Автокоманда, поставиле бесплатни WIFI-зони достапни за сите граѓани.

„Со ова овозможуваме полесен и побрз пристап до интернет, комуникација без ограничувања, користење на дигитални услуги, учење, работа и информирање – директно од јавен простор“, истакна Стефковски.

Тој додаде дека за младите, ова значи повеќе можности – место каде можат да учат, да се поврзуваат, да креираат и да напредуваат во дигиталниот свет.

„Исполнуваме уште едно ветување од нашата изборна програма! Продолжуваме со реализација на овој проект и во другите населби низ општина Гази Баба“, порача градоначалникот.