Беса би разговарала за укинување на Бадентеровиот прицип

Партијата Беса партија е подготвена да разговара за укинување на Бадентеровиот принцип и балансерот, но под услов да се воведе нов механизам за унапредување на правата на немнозинските заедници. Можеби не е дојдено сега времето да се укине Бадентер, рече денеска на прес-конференција во Тетово претседателот на Беса, Билал Касами. „Но ако се расправа за ова прашање, тогаш сме отворени за разговор, но само во во правец на подобрување на правата на етнички заедници“, рече Касами.
,,Меѓунарадното право не познава можност со демократски механизми да се уназадат правата на немнозинските заедници, така што сме подготвени да разговараме и за таа тема, но во правец на подобрување на правата на сите етнички заедници, освен македонската, која ја има и државотворноста и сите права кои другите не ги уживаат“, рече Касами.
Тој рече дека неговата партија ги подржува најавени уставни измени, но рече дека е дојден моментот кога треба да смени одредбата 20 отсто со албански јазик.
Касами нагласи дека вчера разговарале со специјалниот германски пратеник Мануел Сарацин за нивната позиција околу уставните измени и за исфрлање на одредбата 20 отсто.