Берзата во Москва затворена веќе трет ден


Московската берза нема да биде отворена трет ден по ред, но Банката на Русија објави во соопштение дека ќе продолжи да работи мал број операции.

„Работното време на Московската берза на 3 март  ќе биде објавено на официјалната веб-страница на Банката на Русија до 9 часот по московско време “, се вели понатаму во соопштението.