Берн: Протести пред банка поради климатски промени


Меѓу 300 и 400 активисти се собраа денеска на плоштадот во Берн во близина на Швајцарската национална банка, со цел да нагласат дека банките, вклучително и оваа, не прават ништо во врска со климатските промени.

Портпаролката на протестот рече дека групата ќе постави камп покрај Парламентот на Швајцарија за да ги потенцира барањата за намалување на емисиите на штетни гасови на нула до 2030 година.

Како што е наведено, околу 40 демонстранти се врзале за објектите и едни со други, со цел да спречат полицијата лесно да ги тргне од местото.