Бензините посакапуваат за еден, а дизелот за половина денар


Фото: Б. Грданоски

Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во бележат зголемување

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати. Еден литар од бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапи за еден денар и од утре ќе се продаваат за 75, односно 77 денари.

Цените на Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за половина денар и ќе се продаваат за 68, односно 67,5 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,378 ден за килограм и сега ќе изнесува 38,265 ден/кг.

Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 1,985%, кај дизелот за 1,915%, кај екстра лесното масло за 1,244% и кај мазутот намалувањето е за 1,246%.