Белград уживаше на хитовите на Калиопи. Кога ќе пее во Скопје?
Поп-дивата Калиопи уште еднаш доживеа аплаузи, овации и љубов во Белград, на концертот во МТС салата , со што го оправда статусот- кралица на емоциите.
-Белград, ти засекогаш остануваш во моето срце! Оооо каква ноќ!, напиша Калиопи во описот на фотографиите од концертот кои ги постави на својот Инстаграм за да сведочат на уште еден музички спектакл полн со бура од емоции каков таа секогаш знае да приреди.
Тоа е нејзин осми концерт во Белград во тек на наејзината кариера, а втор во МТС салата. Истиот требаше да се одржи минатата година во ноември, но беше откажан пред самиот почеток, бидејќи почина жена во публиката.
Ѕвездата, со препознатлива насмевка, невидена енергија и моќен вокал, на публиката ѝго донесе својот „куфер со љубов“ во кој имаше многу музички изненадувања.
Преку блиската интеракција со публиката, Калиопи ги испеа најголемите хитови од нејзиниот богат опус: „Мелем“, „Прости“, „Вучица“, „Мрвица“, „Обои ме“, „Месечина“, „Утро “, „Пожели“, „Кофер љубави“, „Локомотива“ – на кој на музичарите им се придружи и младиот тамбураш Страхиња Сегедински.
Четири години публика ја чекаше Калиопи да им пее, а секое нејзино појавување го поздравуваше со громогласен аплауз. Таа го изведе хитот „Небото ми сјае“ заедно со детскиот хор „Магија“ („Чаролија“), под диригентската палка на Леонтина Вукомановиќ.
Посебно изненадување на вечерта беше појавувањето на нејзиниот голем пријател, а сега гостин на концертот, поп-ѕвездата Жељко Самарџиќ, со кој минатата година ја објавија песната „Знам“ и која првпат заедно во живо ја изведоа во Белград на оваа бајковита вечер, а ја промовираа и во Скопје.
Зад сцената, поддршка и даде нејзиниот втор сопруг, актерот Васил Зафирчев кој за време на бракот од 2004 до 2011 година, беше вклучен во подготвките на нејзините концерти во Скопје и Македонија.
На Калиопи времето никој не може да ѝ го земе. Со години е посветена на настапи низ регионот, пред две години триумфираше на концертот во Велес, во Велешкиот театар, прв концерт во Македонија, по седум години. Скопската публика со нетрпение чека да одржи концерт и во родното Скопје и се прашува зошто не пее во главниот град? Македонската публика следно ја слуша и ја гледа на концерт во Маврово на 17 февруари. (Л.С.)