Белгија знае како се постигнуваат компромиси, порача амбасадорот Мерис


Амбасадорот Фредереик Мериз зборува, Александар Николоски и Арбер Адеми си гледаат во телефоните

 

Одбраната на владеењето на правото, демократијата и единството се принципите во сржта на она што значи Европа и ги прави врeдностите на ЕУ. Веруваме дека тоа сѐ уште причините поради кои земји како Северна Македонија сакаат да ѝ пристапат на ЕУ. Низ различни области овој концепт на демократијата на владеење на правото ќе се применува, а ќе се применува и во политиката на проширување. 

Ова го истакна амбасадорот на Белгија за Македонија, Фредерик Мерис презентирајќи ја Програмата и приоритетите за работата на белгиското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари – јуни 2024 година, на заедничка седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции ќе бидат претставени приоритетите на белгиското претседателство со ЕУ. Мотото под кое ќе се одвива шестмесечното претседавање се „заштити, зајакни и подготви“ кое меѓу другото треба да одговори и на прашањето каква Европа сакаат во иднина.

„Проширувањето е стратешки интерес на ЕУ и Белгија се надева оти ќе се постигне напредок во таа област за време на нашето претседателство. Се надеваме дека ќе имаме меѓувладина конференција со Северна Македонија и со Албанија. Имавме веќе таква седница со Црна Гора пред неколку седмици, и се надеваме да воспоставиме преговарачка рамка со Молдавија и со Украина. Ќе работиме исто така и на она што би можеле да го сработиме во дијалог на Косово и Србија и потоа го имаме прашањето за новиот План за раст на Западен Балкан, но мора малку да ги прилагодиме некои од оперативните насоки за тој план да функционира“, нагласи белгискиот амбасадор.

Белгија е чесен актер и знае да постигнува компромиси, но нагласи, тие се и многу јасни во однос на она што сакаат да го потстигнат. „Она што сакаме да го видиме е Европа заснована на демократија и владеење на правото, но за да се постигне тоа сите треба да переземе одговорност“, порача Мерис.

Евроамбасадорот Дејвид Гир истакна дека основа на евроинегративниот процес се реформите, а напредокот е потребен и може да се постигне во времето кое што преостанува за работа на овој законодавен дом, подвлекувајќи ги при тоа владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација и почитувањето на човековите права. Тој нагласи дека конструктивниот и инклузивен дијалог помеѓу сите политички партии во однос на клучните реформи е од суштинска важност за успех, а важен предуслов за одење напред, меѓу другото ги спомена и уставните измени, како и носењето на измените на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и изборот на седмиот член на ДИК.

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Арбр Адеми истакна дека за Северна Македонија е важно да се постават конкретни  инструменти за борба против корупцијата и да не им се дозволи на луѓето вмешани во корпција да ги поставуваат правилата за игра.

Пратеничката Гордана Силјановска-Давкова меѓу другото истакна дека во избори и изборна година тешко се острваруваат реформи и затоа треба да се биде реален во очекувањата. Таа при тоа праша дали во оваа изборна 2024 година ќе се задржи ентузијазмот за проширување во Брисел поради растот на популистичките и недемократските тенденции во ЕУ-земјите. Таа се осврна на приоритет на белгиското претседателство за глобална Европа поврзувајќи го со ветото за земјава.

„Она што ме импресионира е дека мултиулатералниот систем и меѓународниот поредок ќе се врати и се заснова на правила и вредности. Овие правила и вредности ме упатуваат на односот на Европа кон Македонија. ЕУ не смее да биде заложник на некои свои членки, додека размислува за укинување на ветото ЕУ не смее да дозволи кршење на основните вредности“, рече Силјановска.