Бектеши ги доби „контактите“ за гас и мазут од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициските „контакти“ со западни фирми за снабдување со гас и мазут стигнаа во Владата. Нив ВМРО-ДПМНЕ му ги предал на министерот за економија Крешник Бектеши, брифираат од партијата. Според зборовите на партискиот претседател, Христијан Мицкоски, овие „контакти“, или фирми треба да бидат алатката со кои ќе се набавуваат поевтини енергенси. Мицкоски објави дека со тоа можеле да се заштедат до 300 милиони евра. Гасот, од каде и да е набавен, треба да помине преку интерконекторот на бугарско-македонската граница које под закуп на „Гаспром“ и за тоа треба да има дозвола од рускиот гасен гигант.
„Предлагаме позиција за значително поевтини реусрси на ТЕЦ ‘Неготино’. Цената на транспорот треба да ја одреди Владата како надлежна за тоа. Со овој предлог цената на струјата произведена во ТЕЦ ‘Неготино’ ќе биде најмалку два пати поевтина од таа што е сега на берзите. Предлагаме таа струја да се отстапи на стопанството за спасување на илјадници работни места“, изјави вчера Христијан Мицкоски по средбата во Владата.