Неколку улици од Гази Баба утре ќе бидат без вода

Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека утре (петок) поради дефект во шахта промена на затварач (шибер) од Ф 80мм на ул.„Јани Лукровски“ бр.1 (кај Б.П „Мак Петрол“), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул. „Јани Луковски“, ул. „16-та Македонска Бригада“, ул. „Трифун Хаџијанев“ и ул. „Лазар Поптрајков“ (општина Гази Баба).
Прекинот ќе биде од 9 часот до завршување.